вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Тудор: Ова не е мојот Јувентус, тоа е мојата Верона

Тудор: Ова не е мојот Јувентус, тоа е мојата Верона

Тимот на Верона направи уште едно пријатно изненадување во Серија А, откако го победи и Јувентус со 2-1.

Голема заслуга за тоа има тренерот Игор Тудор кој е убеден дека екипата дополнително ќе напредува, но и оти заслужено славеле над „старата дама“.

-Ова не е мојот Јувентус, тоа е мојата Верона! Имав неколку добри години таму, но ова е битка сега и ние секогаш се трудиме да победиме. Беше заслужена победа, момците дадоа се од себе и по 2-0, чувствувам дека можевме да притискаме посилно за да дадеме и трет гол. Почнавме да бидеме премногу повлечени во вториот дел, Јуве го подигна темпото и создаде шанси, но ние ги одбранивме трите бода.Кажав напретходните натпревари, менталитетот се смени по 2-0 и тоа не ми се допадна. Сум видел дека се случува премногу пати. Не можете едноставно да престанете да се обидувате да постигнувате голови, но во оваа прилика квалитетот на Јуве не принуди да се вратиме во вториот дел. Во одбраната, се подобривме во однос на претходните натпревари, удвоивме повеќе, сите се бореа за топката и тоа ме радува, -вели Тудор кој имаше што да каже за двојниот стрелец Џовани Симеоне.