петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Тухел: Баерн е навикнат да игра финалиња, но тоа не е пресудно

Тухел: Баерн е навикнат да игра финалиња, но тоа не е пресудно

Тренерот на Пари Сен Жермен, Томас Тухел го истакна искуството на Баерн (Минхен) пред денешното финале во Лигата на шампионите во Лисабон.

Според Тухел, ова е предност, но тоа нема да биде пресудно, бидејќи во неговиот состав има играчи, кои веќе го освоиле трофејот во своите кариери.

– Баерн е во феноменална форма. Тимот е мешавина од млади и гладни играчи, како и искусни играчи, калени во многу турнирски битки. Нашиот тим има и играчи кои веќе го освоија трофејот. Многу зборувам со Кејлор Навас, Анхел ди Марија и Нејмар, кои го кренаа трофејот во Лигата на шампионите. За Баерн е позната предност што се навикнати да учествуваат во вакво финале, но тоа веројатно нема да биде пресудно, прокоментира Тухел.

Тој откри и дека италијанскиот играч од средниот ред Марко Верати е подготвен да игра, иако има болки.

За Навас, одлуката ќе биде донесена во неколку часови пред натпреварот.