недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Тухел: Овој Баерн може да освои сѐ, дури и англиската Премиер лига

Тухел: Овој Баерн може да освои сѐ, дури и англиската Премиер лига

Tomas Тухел дојде во Баерн откако неочекувано беше отпуштен Јулијан Нагелсман а и самиот не криеше дека уште многу одамна се родила огромната желба да го предводи најтрофејниот германски клуб.

Меѓу останатото, за својот тим рече дека е најдобар што може да се замисли и дека Баерн Минхен е способен да освои буквално сѐ што постои.

„Клубот е предодреден за успеси, едноставно нашата ДНК е таква. Баерн секогаш е гладен за трофеи и ние мораме заедно да ја продолжиме оваа горда традиција. Јас знам во каков тим дојдов, ова се најдобрите момци што можеш да ги посакаш. Имаме огромен потенцијал и мислам дека оваа екипа може да освои буквално сѐ, па дури и англиската Премиер лига“, изјави Тухел, по што следуваа насмевки на лицата на новинарите.

Новиот тренер исто така рече дека едвај чека да започне со работа во Баерн и да почне да ги составува „коцките“ за најтешките предизвици од сезоната.

„Ова е огромна одговорност, но јас сум убеден во своите квалитети и квалитетите на играчите. Ова беше лесна одлука, Баерн нуди прекрасни услови за работа, а и јас самиот одамна имав желба еден ден да сум тука и да пробам да оставам печат во богатата историја на клубот. Повеќе причини беа клучни за моето доаѓање, а една од нив беше секако и тоа што ќе бидам многу поблизу до моето сакано семејство“, заклучи Тухел.