сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Турам тргна да слави во стилот на Лукаку, Лаутаро веднаш му кажа НЕ! (ВИДЕО)

Турам тргна да слави во стилот на Лукаку, Лаутаро веднаш му кажа НЕ! (ВИДЕО)

Маркус Турам соноќа против Фиорентина тргна да слави со Лаутаро Мартинез како што тоа претходно го правеше Ромелу Лукаку, но Аргентинецот веднаш му кажа НЕ и порача дека повеќе така не слави погодоци.

Лаутаро Мартинез и Ромелу Лукаку имаа одлична соработка во форот и свој препознатлив ритуал на славење погодоци. Па кога Маркус Турам синоќа против Фиорентина му асистираше на Аргентинецот, се обиде да ја копира прославата.

Сепак, Лаутаро Мартинез веднаш му кажа НЕ, и по крајот на натпреварот порача дека повеќе така не слави погодоци.

„Дали Турам ја копираше мојата прослава со Лукаку? Да, но јас повеќе така не славам погодоци“ – рече напаѓачот, кој исто така потврди дека повеќе не го следи фудбалерот од Белгија на социјалните мрежи.

Тиквата помеѓу Ромелу Лукаку и Лаутаро Мартинез пукна летоска, кога голгетерот од Белгија не кренал телефон кога капитенот на Интер се обидувал да дознае дали се точни гласините за негови преговори во Јувентус и преселба во Торино.