Македонската фудбалска репрезентација до 15 години успеа да слави нова победа над соодветната селекција на Малта во рамките на вториот контролен натпревар во Скопје.
На тренинг центарот „Петар Милошевски“, избраниците на селекторот Драган Начески денеска остварија убедлива победа со 4:1.
Македонските фудбалери и на овој натпревар доминираа од самиот почеток и покажаа дека се поквалитетна селекција од Малта.
Головите за Македонија ги постигнаа Јаков Стојковски, Михаил Митревски, Антонио Сталески и Мартин Џангаровски.
Во првиот контролен дуел помеѓу овие две селекции, избраниците на Начески славеа минимална победа со 1:0.