Актуелниот англиски фудбалски шампион Манчестер сити, забележа победа со 4:1 синоќа на гостувањето кај Барнли во натпревар од 15. коло.
Головите за „граѓаните“ ги постигнаа Габриел Жезус (два), Родри и Ријад Марез. Стрелец на единствениот погодок за домаќинот беше Роби Брејди.
Во пресрет на другите средби од ова коло, Сити е втор на табелата во Премиер лигата со 32 бода, додека Барнли е 11-ти со 18 бода