петок, 29. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Убиен новинар кој истражувал корупција во ФИФА

Убиен новинар кој истражувал корупција во ФИФА

Истражувачкиот новинар Ахмед Хусеин, кој работел на откривање корупција во африканскиот фудбал, е убиен од вооружени мажи на мотор, соопшти полицијата во Гана.

Хусеин бил убиен пред два дена кога од огнено оружје два пати бил погоден во пределот на градите и еднаш во вратот, пренесува АП.

Хусеин бил дел од тимот, кој го предводел Анас Аремејав, познат истражувачки новинар. Анас ја Фејсбук ја потврдил смртта на Хусеин со коментар „Тажна вест, но нема да бидеме замолчени. Почивај во мир.“

Работата на новинарот се однесувала на член на Советот на ФИФА, вториот најмоќен човек во африканскиот фудбал Квеси Нјантакиј, на кого минатата година поради мито и корупција доживотно му е забрането да биде во спортот.