вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

УЕФА го исфрла Јувентус од европските натпреварувања на три години!?

УЕФА го исфрла Јувентус од европските натпреварувања на три години!?

На клубот му беа одземени 15 бода и „бјанконерите“ моментално се на позицијата број десет, односно на дванаесет бода од четвртата позиција која моментално ја држи Лацио. Сепак, и да стигнат „бјанконерите“ меѓу четирите најдобри, тоа не им гарантира настап во елитното натпреварување.

Некои медиуми веќе почнаа да шпекулираат, се шпекулира дека нема да има крај на казните. УЕФА сега е на потег.

Се шпекулира дека европската куќа на фудбалот ќе го казни Јувентус со тригодишна суспензија од сите европски натпреварувања.

Тоа значи дека Јувентус без разлика какви резултати ќе постигне на теренот во следните три години, нема да може да игра во Лигата на шампионите, Лигата на Европа и конференциската лига.