сабота, 30. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

УЕФА го објави распоредот на Лигата на шампионите за следната сезона

УЕФА го објави распоредот на Лигата на шампионите за следната сезона

Европската фудбалска асоцијација го објави распоредот за Лигата на шампионите во сезоната 2020/21. Ждрепката е одложена поради пандемијата на коронавирус, која не дозволи завршување на сезоната 2019/20 во предвидената временска рамка.

Ново извлекување започнува на 20 октомври, кога ќе се играат натпреварите од првото коло од групната фаза (20 и 21 октомври). Второ коло на 27-28 октомври, трето на 3-4 ноември, четврто на 24-25 ноември, петто на 1-2 декември и последно (6. коло) на 8-9 декември.

Плејоф-натпреварите ќе започнат на 16 февруари 2021 година. Првите четвртфинални натпревари ќе се одржат на 6 и 7 април, возвратните натпревари на 13 и 14 април. Полуфиналето е закажано за 27 и 28 април (први натпревари) и 4 и 5 мај (реваншите).

Финалниот натпревар на турнирот ќе се одржи на 29 мај во Истанбул. И годинашното финале требаше да се одржи во турскиот град, но заради коронавирусот последните средби се преместени за во Португалија.