Интер ќе добие отштета од УЕФА за несреќата на Кристијан Ериксен на ЕП 2020. Поранешниот играч за врска на „нероаѕурите“о 43. минута од натпреварот против Финска на Европското првенство доби срцев удар, а лекарите со крајни сили успеаја да го одржат во живот.
Подоцна Ериксен се опорави и доби поткожен дефибрилатор, што според пропозициите за спорт во Италија го спречи да ја продолжи кариерата на Апенините.
Ериксен беше ослободен од Интер во декември 2021 година и му се приклучи на Брентфорд со шестмесечен договор. Поради оваа причина, УЕФА ќе му плати на Интер околу 3 милиони евра обештетување.