петок, 22. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

УЕФА подготвува суспензија од евро-куповите за Јувентус ?

УЕФА подготвува суспензија од евро-куповите за Јувентус ?

Се чини дека проблемите на Јувентус се продлабочуваат со секој изминат ден, а како голем шок за сите навивачи на „бјанконерите“, стигна информацијата дека Европската фудбалска унија (УЕФА) ќе го исфрли клубот од сите европски натпреварувања во следната сезона.

„Газета дело спорт“ пишува дека УЕФА е подготвена дополнително да го казни Јувентус со забрана за играње во Европа, а клубот ќе мора да плати и одредена парична казна.

Јуве губеше, па добиваше назад поени во Серија А, управата водеше судски спорови додека траеше сезоната и сега се чини дека нивните раце уште повеќе ќе бидат полни со работа. Дел од италијанските медиуми велат дека претседателот на УЕФА, Александер Чеферин бил многу лут на Јувентус поради упорните обиди за создавање на проектот Суперлига и неотстапувањето од оваа идеа само ги иритира сите во Европската куќа на фудбалот која сака да го заштити овој формат на Лигата на шампионите.

Доколку навистина се потврдат сите овие информации во деновите што следат, Јувентус ќе биде во тешка финансиска ситуација и изгледа дека ќе мора да продаде дел од најдобрите фудбалери.