вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

УЕФА покрена истрага против Јувентус

УЕФА покрена истрага против Јувентус

Европската фудбалска унија започна истрага против Јувентус поради потенцијално прекршување на финансискиот фер-плеј и правилата за лиценцирање играчи, објави УЕФА на својата веб-страница.

-При истрагата ќе се фокусираме на можното прекршување на финансиските правила по неодамнешните наводи како резултат на истрагата на јавниот обвинител во Торино. На 23 август, Телото за финансиска контрола на УЕФА (CFCB) склучи договор со Јувентус врз основа на финансиските информации што претходно ги испрати клубот, а кои се однесуваат на 2018, 2019, 2020, 2021 и 2022 година. Во случај ситуацијата по завршувањето на истрагата значително да се разликува од онаа кога е постигнат договор, или доколку се појават нови факти, го задржуваме правото да го раскинеме договорот или да преземеме правна постапка што е во согласност со процедуралните правила. Ќе соработуваме со властите во Италија и нема да се огласуваме додека не заврши истрагата, соопшти Европската фудбалска унија.

Италијанската новинска агенција АНСА вчера објави дека јавното обвинителство во Торино покренало тужба против поранешниот претседател на Јувентус, Андреа Ањели и членовите на Управниот одбор на клубот за финансиска измама.