недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Украина го повтори антирекордот на Југославија, загуби шест натпревари по ред на ЕП

Украина го повтори антирекордот на Југославија, загуби шест натпревари по ред на ЕП

Репрезентацијата на Украина синоќа загуби од Холандија (2:3) на натпреварот Ц-групата на Европското фудбалско првенство 2020. Украинскиот тим загуби шест натпревари по ред на Европските првенства и го повтори негативниот рекорд на репрезентацијата на Југославија.

Серијата започна со натпревар против репрезентацијата на Франција на Евро 2012.

Оттогаш, Украинците загубија и од Англија, Германија, Северна Ирска, Полска и Холандија.

Толку долга серија на порази ја имаше и поранешна Југославија, која загуби на шест натпревари помеѓу 1968 и 1984 година.