четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Украинската лига прекината, без фудбалски шампион за сезоната 2021/22

Украинската лига прекината, без фудбалски шампион за сезоната 2021/22

Украинската Прва фудбалска лига нема да биде продолжена и никој нема да биде прогласен за шампион, бидејќи во земјата во сила е вонредна состојба поради руската инвазија.

Откако Русија на 24 февруари почна војна против Украина во оваа земја не е одигран ниту еден фудбалски натпревар.

Последните прволигашки дуели беа одиграни во декември кога клубовите заминаа на тримесечна зимска пауза. Водечки тим на табелата е Шахтјор Доњецк со 47 бодови од 18 натпревари, пред Динамо Киев со два бода помалку.

– Фудбалските клубови од Првата лига го поддржаа предлогот сезоната 2021/22 да се прекине, бидејќи не е можно првенството да продолжи поради продолжувањето на вонредната состојба. Состојбата на табелата од 24 февруари 2022 ќе биде конечен редослед, но никој нема да биде прогласен за шампион, објави денеска раководството на украинската лига.

Одлуката треба да ја потврди Извршниот одбор на Украинската фудбалска федерација.

Двете првопласирани екипи, Шахтјор и Динамо, ќе играат во квалификациите во Лигата на шампиони.