сабота, 3. февруари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Уште двајца кинески фудбалски раководители под истрага за корупција

Уште двајца кинески фудбалски раководители под истрага за корупција

Двајца високи претставници на кинеската Фудбалската федерација (ЦФА) се под истрага за „сериозно кршење на законот“, термин кој вообичаено во Кина алудира на корупција.

Како што соопшти денеска Генералниот комитет за спорт, највисокото спортско тело во Кина, под истрага се шефот на Одделот за натпреварување и шефот на Дисциплинската комисија на ЦФА, Хуанг Сонг и Ванг Сјаопинг.

Тие се последните во низата фудбалски раководители кои се вмешани во овој случај од ноември, меѓу кои и претседателот на ЦФА, Чен Сујуан.

Кинескиот претседател и лидер на Комунистичката партија Си Џипинг постави за цел Кина да стане фудбалска велесила, но големите суми пари вложени во ангажирање звучни меѓународни фудбалери во кинеското првенство не донесеа резултат. (МИА)