недела, 10. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Валверде за облогот со Анчелоти: Не сакам јас да сум кривецот…

Валверде за облогот со Анчелоти: Не сакам јас да сум кривецот…

Ернесто Валверде со насмевка на лицето вели дека ќе се потруди да постигне 10 погодока оваа сезона и да спречи Карло Анчелоти да оди во пензија.

Минатиот месец, Карло Анчелоти се зачуди од слабиот голгетерски скор на Ернесто Валерде изминативе години, па порача дека ќе ја искине тренерската лиценца и ќе оди во пензија доколку Уругваецот не постигне барем 10 гола оваа сезона.

Фудбалерот од средниот ред синоќа уште еднаш покажа дека знае да распали од далечина, па Карло Анчелоти потсети на зборовите кои ги кажа во септември.

Ернесто Валверде исто така даде свое видување на целата ситуација и со насмевка на лицето порача: „Анчелоти веќе рече дека треба да постигнам барем 10 погодока и фокусирам сум на ова. Не сакам јас да сум кривецот за одењето во пензија на тренерот“.

„Чувствувам притисок, но тоа е убав притисок“.