Видео технологијата ќе биде вклучена на фудбалскиот Мундијал во Русија, одлучи Советот на ФИФА на седница одржана вчера во Богота, Колумбија.
– Мораме да држиме чекор со времето. Сакаме на судиите да им овозможиме помош при донесување одлуки во случај на спорни ситуации. Не е во ред, гледачите пред ТВ екраните само неколку секунди по спорните моменти да знаат дали судиите погрешиле, а тие доле на теренот да не знаат, изјави претседателот на ФИФА, Џани Инфантино.
Со ова се стави крај на дилемите дали видео технологијата наречана ВАР ќе се користи на планетарниот фудбалски собир во Русија.
Првенството ќе се игра од 14 јуни до 15 јули оваа година.