сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Вардар потврди Бразилец како шесто засилување за новата сезона

Вардар потврди Бразилец како шесто засилување за новата сезона

Враќањето на Вардар во македонската фудбалска Прва лига донесе и императив за подобрување на квалитетот на екипата, а од денеска и официјално дел од неа ќе биде Бразилецот Педрињо.

22-годишниот офанзивен играч за врска ги одработи подготовките за новата сезона со црвено-црните и стручниот штаб предводен од Бобан Грнчаров решил да му понуди договор за актуелната сезона.

Лелис Фигуередо Педрињо ќе го освежи офанзивниот дел на Вардар, а негов последен клуб бил Минор Перник.

Во досегашната кариера, Педрињо настапувал и за бразилските клубови Индепенте де Лимеира и Наутико.

Бразилецот е шесто засилување за Вардар во овој преоден рок.