Германскиотфудбалски репрезентативец Тимо Вернер е многу близу да се врати во Ред Бул Лајпциг од каде направи трансфер во Челси откако тренерот Томас Тухел јасно му порачал дека не е во прв план и да не очекува преголема минутажа.
Вернер, за кого имаше интерес и од Јувентус како втора напаѓачка опција после Душан Влаховиќ, сега е многу близу да прифати да се врати во Лајпциг и Челси е согласен да го путши на едногодишен заем со опција за откуп, а притоа и да му исплаќа половина плата од 14-те милиони кои ги има според договорот.
Германецот во Лондон дојде во 2020 година за 50 милиони фунти, но не ги оправда очекувањата и доби прекар „мистер утка“. Севкупно има 23 гола на 89 меча.