Традиционално, најголемите светски компании го користат Мундијалот за да направат реклама и да го споделат својот бренд со фудбалските фанови.
Вниманието кое го привлекува Светското првенство е доволна причина за огромните суми кои се трошат за правење што е можно подобра реклама. Компанијата за спортска опрема „Најк“ во својот клип им оддава почит на легендите од минатото со т.н „ГОАТ експеримент“.
Видеото започнува со група научници кои ја телепортираат француската суперѕвезда Килиан Мбапе во просторија за тестирање заедно со бразилската легенда Роналдињо, кој е дигитално вратен во најдобрите денови во Барселона.
The new Nike World Cup advert has dropped and it is incredible 😍pic.twitter.com/9yjs2bIiES
— SPORTbible (@sportbible) November 16, 2022