понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ВИДЕО: Да не ја заборавиме пожртвуваноста на Алиоски, спаси чист гол

ВИДЕО: Да не ја заборавиме пожртвуваноста на Алиоски, спаси чист гол

Фудбалерите на Македонија продолжија да испишуваат историја и сега се на чекор до пласман на Светското првенство. Избраниците на Благоја Милевски ја победија Италија во полуфиналниот бараж (0-1) со погодокот на Александар Трајковски.

На дуелот на „Ренцо Барбера“, Македонија беше главно насочена кон дефанзива, додека европскиот првак притискаше и редеше шанси. Целиот тим одигра како едно, сплотено ги одби налетите и успешно се одбрани. Сепак, еден потег кој се истакна беше блокиран удар на Езџан Алиоски. Како и во повеќето случаи, во шанса се најде Доменико Берарди, а бекот на Македонија го спаси голот.

Блокираниот шут на Алиоски против Италија:

Иако на вистинската страна на шутот беше Столе Димитриевски, сепак топката имаше незгодно движење и се одби од тревникот, па можеше да заврши во мрежата.