Бразилскиот репрезентативец Касемиро се збогува со соиграчите и сите останати членови на Реал Мадрид. Неговиот говор предизвика многу емоции, а Карло Анчелоти не издржа и пушти солзи за време на церемонијата.
Италијанскиот тренер останува без еден од најдобрите играчи во средниот ред. 30-годишникот веќе нема да биде дел од популарното трио заедно со Тони Крос и Лука Модриќ.
Касемиро ќе ја наполни касата на „кралевите“, кои одлучија да се ослободат од него ова лето. Негов следен предизвик ќе биде успех во Премиер лигата со тимот од „Олд Трафорд“.
Видеото може да го погледнете ТУКА