сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ВИДЕО: Еуроспорт со воодушевување за еуфоријата на навивачите по победата над Италија

ВИДЕО: Еуроспорт со воодушевување за еуфоријата на навивачите по победата над Италија

Водечките медиуми во светот со воодушевуваат на славјето на македонските навивачи по успехот во Палермо против Италија.

Македонската репрезентација успеа да победи минимално со 0:1, што беше доволно за да се пласираме во големото финале, каде за ривал ја имаме Португалија, а тоа ги извади навивачите по улиците низ Македонија.

Во Скопје лудо се прослави до доцните часови во ноќта, илјадници навивачи со разни реквизити излегоа со автомобилите и мопедите, па прославуваа по главниот град на Македонија.

Посебна репортажа за тоа направија од Еуроспорт, кои попатно порачаа…. „Еве вака се навива кога ја добивате Италија!“.