среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ВИДЕО: Мајсторија на Барди, Италија без победа си оди од Скопје

ВИДЕО: Мајсторија на Барди, Италија без победа си оди од Скопје

Македонската фудбалска репрезентација повторно и ја расипа математиката на селекцијата на Италија. „Аѕурите“ од Скопје си заминуваат без победа, со освоен еден бод од квалификацискиот натпревар за пласман на Европското првенство.

Македонската фудбалска репрезентација вечерва пред 28.000 гледачи на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје одигра нерешено 1-1 (0-0) против Италија.

Почетокот на второто полувреме донесе водство на Италија во 47 минута преку капитенот Чиро Имобиле кој со гол ја заврши акцијата во која Николо Барела ја погоди пречката.

По примениот гол „црвено – жолтите“ тргнаа во целосна офанзива и откако обидот од 17-ина метри на Елиф Елмас заврши крај стативата во 68 минута, израмнувањето го донесе капитенот Енис Барди со мајсторски гол од слободен удар во 81 минута, предизвикувајќи делириум на трибините.

До крајот на натпреварот македонската одбрана одолеа на италијанските напади за четврти бод во петтиот натпревар во евроквалификациите.

Избраниците на селекторот Благоја Милевски ќе ги продолжат евроквалификациите со гостување во Малта во вторник.