сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ВИДЕО: Мбапе трагичар за Франција, погледнете го промашениот пенал

ВИДЕО: Мбапе трагичар за Франција, погледнете го промашениот пенал

Швајцарија го приреди вчера  најголемото изненадување досега на ЕУРО2020 елиминирајќи ја во осминафиналето Франција по подобро изведување пенали со 5:4, откако натпреварот по регуларниот дел и двете продолженија заврши 3:3.

Швајцарија беше на прагот на сензација веќе во регуларниот дел од натпреварот на Националната арена во Букурешт, откако со голот на Харис Сеферовиќ во 15 минута поведе со 1:0, а во 55. минута пропушти шанса преку пенал да ја зголеми предноста, но Рикардо Родригез биеше непрецизно од белата точка.

Токму пеналот што го одбрани Хуго Лорис ги разбуди анемичните Французите, кои само четири минути подоцна го свртеа резултатот во своја корист со два гола на Карим Бензема во 57. и 59. минута, а Пол Погба во 75. минута зголеми и на 3:1.

Швајцарците, сепак, не се предадоа, и со вториот гол на Сеферовиќ во 81. минута и погодокот на Марио Гаврановиќ во завршните моменти од регуларниот дел го однесоа осминафиналниот натпревар во продолженија, а потоа и на пенали.

Швајцарија ги реализира сите пет пенали, додека Јан Сомер го одбрани ударот од белата точка на Килијан Мбапе и им донесе на Швајцарците четвртфинална пресметка против Шпанија.