Тренерот на Тотенхем, Жозе Мурињо во еден момент одлучи да ја прекине прес-конференцијата одржана пред дербито со Манчестер Јунајтед.
Причината е смртта на принцот Филип, војводата од Единбург, поради што Португалецот изрази сочувство.
-Извинете, ќе ви одговорам. Само што ја прочитав тажната вест за принцот Филип и би сакал да го изразам моето најдлабоко сочувство до кралското семејство и да бидам искрен имам длабока, длабока, длабока почит кон кралскоѕо семејство. Моето длабоко сочувство, истакна Мурињо.
Тој истакна дека не само Велика Британија го има чувството на тага.
-Јас не сум Англичанец, но знам дека постојат многу луѓе како мене кои имаат голема почит кон кралското семејство, истакна Мурињо.
Принцот Филип почина вчера на 99 годишна возраст, а во брак со британската кралица Елизабета Втора беше 73 години.
Mourinho on Prince Philip (rather lovely) pic.twitter.com/3m5p3CSVJZ
— Stig Abell (@StigAbell) April 9, 2021