недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ВИДЕО: Никој не е како нив, јапонските навивачи повторно го „светнаа“ стадионот

ВИДЕО: Никој не е како нив, јапонските навивачи повторно го „светнаа“ стадионот

Веќе познато е дека Јапонците на стадионите, без разлика дали се играчи или навивачи, не оставаат ѓубре зад себе. По секое присуство просторот каде се тие буквално „свети“.

Јапонците тоа го направија пред четири години кога фудбалерите на Мундијалот во 2018 ја чистеа соблекувалната секогаш кога ја користеа. Слична приказна беше видена и со навивачите кои чистеа зад себе, а домаќините на овогодинешното Светско првенство беа воодушевени од она што го видоа.

Повторно, Јапонците го исчистија делот од стадионот по натпреварот меѓу Катар и Еквадор на отворањето на Светското првенство.

Сведок на операцијата чистење беше и катарскиот инфлуенсер Омар Фарук кој на својот профил објави видео. Тој не можеше да поверува што гледа, а откако ги прашал Јапонците зошто го прават тоа добил одличен одговор.

-Јапонците никогаш не оставаат ѓубре зад себе. Ние го почитуваме местото, му одговориле навивачите.