Големото дерби на Франција, Олимпик Марсеј – Олимпик Лион, беше откажано поради хаос надвор од стадионот и напад на автобусот на гостински играчи.
Во нападот повреден е тренерот на гостинската екипа, славниот Италијанец Фабио Гросо (45), на кој мораше веднаш да му се укаже медицинска помош.
Дел од стаклата од искршените прозорци на автобусот завршија во лицето на Гросо, по што повредите морале да му бидат санирани.
The Lyon bus has been attacked and the manager Fabio Grosso has been injured. 😱pic.twitter.com/9RnDDIC8Go
— Football Tweet ⚽ (@Football__Tweet) October 29, 2023
-Гросо не можеше да зборува и имаше парчиња стакло на лицето. Многу сме лути, бидејќи нашите играчи и нашиот тренер се подготвуваа за вечерва, изјави сопственикот на Лион, Американецот Џон Текстор.
🚨 Olympique Marseille vs Olympique Lyon game called OFF after shocking case of team coach attacked with stones.
This was Fabio Grosso right after in @lequipe picture. 😳📸 pic.twitter.com/5VjxHw5lg2
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) October 29, 2023
-Не побарав откажување на натпреварот. Од лигата не известија дека ќе разговараат со нас, а ние бевме подготвени да играме. Одлуката (да се одложи) не беше на нас, бидејќи се се случуваше надвор од стадионот. Фудбалот не треба да се игра вака. Ја поддржуваме одлуката на судијата, додаде тој.