среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ВИДЕО: Србите во немоќ покажаа тотална неспортска култура

ВИДЕО: Србите во немоќ покажаа тотална неспортска култура

На мечот Србија и Швајцарија по првите 45 минути резултатот е 2:2, кој одговара на Швајцарците. Прва поведе Швајцарија преку Шаќири, а потоа Србија направи пресврт преку Митровиќ и Влаховиќ. Емболо во самиот финиш израмни на 2:2.

На овој меч камерите ги „уловија“ Влаховиќ и тренерот Драган Стојковиќ Пикси со срамно однесување. Првиот по голот се држеше за меѓуножјето, а Пикси пцуеше: Да ви ја е*ам мајката шиптарска…Навистина срамно, особено за легенда каква што е Пикси. За селекторот нема потреба од коментар, се е кажано, додека потегот на Влаховиќ се однесува за оние кои што во изминатиот период пишуваа за него. Имено, српските медиуми пред дуелот со Камерун пишуваа дека тој спиел со сопругата на неговиот соиграч од репрезентацијата, резервниот голман Рајковиќ. Освен тоа што се фати за меѓуножјето, Влаховиќ гестикулираше со рацете и прстот на уста, веројатно како порака за сите оние кои што ги пишувале шпекулациите дека премногу зборуваат и треба да замолчат.