Валенсија официјално го ангажираше капитенот на Рома, Алесандро Флоренци, до крајот на сезоната.
Италијанскиот репрезентативец се согласи на овој потег за да ги зголеми шансите да биде член на „азурите“ за ЕП 2020, бидејќи ретко започнува како носител за „волците“ кај Пауло Фонсека.
Интересен е начинот на кој „лилјаците“ го најавија трансферот. Тие прикажаа видео со учество на играчот, кое личи на популарната шпанска серија „Ла Каса де Папел“, која подоцна ја купи „Нетфликс“.
Во краткиот клип, во кој се појавува и актерот Енрике Арсе (кој го игра Артуро во ТВ сериите), се прави референца кон планот „Валенсија“, кој е спомнат во една од епизодите на продукцијата.
— Valencia CF English ?? (@valenciacf_en) January 30, 2020