Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар по две години се враќа во Првата лига, откако вчера славеше во баражот против Скопје со 3-0, а потоа имаше шампионски пречек во главниот град.
Голем број навивачи излегоа на улиците да ја поздрават македонската гордост, која минува низ тешка финансиска криза, но и покрај тоа собра сила да се врати во фудбалската елита.
FC #Vardar is welcomed by few hundred fans at the city square in Skopje after securing promotion to the top-tier. 🔴⚫
The coaching staff and the players deserve to celebrate long into the night considering what they have been through this season, well deserved! 🇲🇰 pic.twitter.com/Qnro0Buu7z
— Filip Mishov (@fmishov) May 21, 2023