четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ВИДЕО: Вториот гол на Енер Валенсија за водство на Еквадор против Катар

ВИДЕО: Вториот гол на Енер Валенсија за водство на Еквадор против Катар

Енер Валенсија, соиграчот на Езџан Алиоски во Фенербахче, има старт од соништата на Светското првенство во Катар, бидејќи со два погодоци ѝ донесе голема предност на својата селекција против домаќинот Катар.

По прецизниот удар од 11 метри, искусниот напаѓач во 30. минута одново ја стресе домашната мрежа погодувајќи велемајсторски со глава од доста тешка позиција.

Вторниот гол на Валенсија против Катар:

33-годишниот напаѓач игра во одлична форма во овој дел од сезоната, па за очекување беше негов блесок во Катар. Во дресот на Фенербахче досега има постигнато 13 гола на 12 натпревари во турскиот шампионат.