недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ВИСТИНСКА БОМБА: Трајковски постигна неверојатен гол вчера за Палермо (ВИДЕО)

ВИСТИНСКА БОМБА: Трајковски постигна неверојатен гол вчера за Палермо (ВИДЕО)

Италијанскиот второлигаш Палермо вчера одигра 2:2 на домашен терен со Кремонезе, а и покрај тоа што неговиот тим не успеа да слави, Македонецот Александар Трајковски блесна.

Трајковски го отвори резултатот со гол од дваесетина метри во 26-та минута.

Во Палермо настапува уште еден Македонец, а тоа е Илија Несторовски, кој е и капитен на тимот, а тој во игра влезе од клупата во 72 минута, но не успеа да донесе победа за својот тим.

Палермо по првите две кола има скор од две нерешени, колку што има и нивниот вчерашен противник.