среда, 15. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Вистински фудбалски фанатик: Игуаин даде гол, а таа реши да го почести- му ја притисна главата меѓу нејзините гради (ВИДЕО)

Вистински фудбалски фанатик: Игуаин даде гол, а таа реши да го почести- му ја притисна главата меѓу нејзините гради (ВИДЕО)

Напаѓачот на Челзи, Гонзало Игуаин постигна одличен гол против Барнли во средбата од 35. коло во Премиерлигата.

Игуаин ја затресе гостинската мрежа во првото полувреме, а по погодокот беше и повеќе од среќен, па голот го прослави на интересен начин.

Иако најверојатно тоа не му беше целта, сепак Игуаин заврши во прегратка на една навивачка, која му најде посебно место – меѓу градите.

Секако, тоа беше снимено со камера, па веднаш заврши на Твитер, а на видеото може да погледнете како изгледаше лудата прослава на Аргентинецот, иако сепак на крајот неговата екипа не успеа да победи во важниот меч и освои само бод (2-2).