Македонија го победи Косово со 2-1 во четвртокот во Скопје во рамки на плеј-офот за пласман на Европското првенство 2021 година. Навивачи немаше на трибините на „Тодор Проески“, па натпреварот се следеше во домашни услови, кафулиња и ресторани.
Во скопски Чаир очигледно повеќе се навиваше за гостинската селекција, а голманот Столе Димитриевски им ги скрши срцата на дел од Албанците во државава со фантастичната одбрана во 92-та минута кога спаси сигурен гол.
@ubejdkurtishi##fyp ##albania ##kosovo ##shkupi