Нова трагична вест во светот на фудбалот. Спортската јавност во Ирак и Азија е шокирана од веста дека поранешниот ирачки репрезентативец Хајдер Абдул Раззак е тешко повреден во еден напад по кој подлегнал на повредите, пренесе СпортКлуб.
Ирачаните на социјалните мрежи се збогуваат со некогашниот омилен фудбалер, а малку се знае за неговата смрт.
-Разак бил нападнат од непознати лица во главниот град Багдад, наводно бил избоден неколку пати, а лекарите не успеале да го спасат. 39-годишникот смени многу клубови во Ирак, а беше и репрезентативец кој стана азиски шампион во 2007 година, пренесе фудбалерот.
За него денеска се одржа погреб пред неколку стотици присутни, а на снимката се гледа како неговите најблиски носат ковчег.
بحضور نجوم الوسط الرياضي والاعلامي ، تشييع الكابتن #حيدر_عبد_الرزاق داخل مستشفى الجملة العصبية . pic.twitter.com/1BBuR0VHw7
— J.S.Hadi (@jafaralaaraji82) June 5, 2022