Фудбалерот на ПСЖ Килијан Мбапе е најплатениот играч на светот, со заработка од 1,6 милиони евра неделоно, тврди германскиот „Билд“.
Со останувањето на „Паркот на принцовите“ Килијан Мбапе стана најплатениот фудбалер во светот.
Имено, како што пишува германски „Билд“, Мбапе во ПСЖ ќе има неделна плата од 1,6 милиони евра.
Новиот договор на Мбапе е со важност од три години, односно до 2025 година и на годишно ниво ќе заработува повеќе од 83 милиони евра.
Според листата на „Билд“ за најплатени 10 фудбалери на светот, зад Мбапе се најде неговиот соиграч Лионел Меси, чија неделна плата е 1,1 милиони евра. На третото место е уште еден фудбалер на ПСЖ – Нејмар со неделна плата од околу 703.000 евра.
На листата се најдоа уште и Мохамед Салах од Ливерпул (464.000 евра неделно), Роналдо (446.000), Кевин Де Брујне од Сити (446.000). Халанд е седми на листата (435.000), потоа Де Хеа со истата сума, додека Гризман има неделна плата од 413.000 евра. Листата ја завршува Левандовски со неделна плата од 406.000 евра.