сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Втор пораз на Реал Мадрид по ред, овојпат од Јувентус (ВИДЕО)

Втор пораз на Реал Мадрид по ред, овојпат од Јувентус (ВИДЕО)

Јувентус со 3-1 го победи Реал Мадрид на пријателски меч во САД, тоа е втор пораз по ред за кралскиот клуб на подготовките.

По поразот од Барселона, уште еден загубен меч за Реал Мадрид, овојпат Јувентус беше тимот кој го совлада кралскиот клуб.

Резултатот беше отворен уште во првата минута кога Моизе Кин постигна гол за водство на Јуве од 1-0. Во 20. минута Веа го зголеми водството на 2-0.

Во 38. минута Винисиус постигна гол и намали на 2-1, со тој резултат заврши првото полувреме.

Последниот гол беше постигнат пред самиот крај на мечот, во 95. минута Влаховиќ реализираше за конечни 3-1.