петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Второто место во групата ги чини многу, наместо со Бриж – парижани на мегдан со Баерн

Второто место во групата ги чини многу, наместо со Бриж – парижани на мегдан со Баерн

Ждрепката за осминафиналето на Лигата на шампионите понуди две европски супер-дербија во оваа фаза. Освен репризата на ланското финале меѓу Реал Мадрид и Ливерпул, среќата посака да се судрат гигантите на светскиот фудбал Баерн Минхен и ПСЖ.

Парижани имаат за што да жалат во групната фаза, поради огромната победа на Бенфика во последното коло кај Макаби Хаифа (1-6), завршија како второпласирани во групата. Тоа им донесе главоболки пред осминафиналето, бидејќи Португалците налетаа на Клуб Бриж кој беше најпосакуван ривал. Од друга страна, ПСЖ немаше среќа и го доби за ривал Баерн Минхен, единствениот тим кој ја мина групната фаза со максимален број на победи (шест).

Ова ќе биде реприза на финалето од сезоната 2019/20 кога баварците се радуваа на европскиот трофеј на турнирот организиран во Лисабон. Овие две екипи играа и во четвртфиналето во сезоната 2020/21, тогаш парижани беа подобри иако вкупниот резултат беше 3-3, поради повеќе голови на гостински терен.

Сега, двете екипи преполни со ѕвезди ќе пружат нов спектакл. Од една страна баварците со Мане, Милер, Сане, Кимих… а на спротивната „ѕвездениот“ ПСЖ со Меси, Нејмар, Мбапе… Нема сомнеж дека ова може да биде највозбудливиот пар во првата нокаут рунда на Лигата на шампионите.