Карим Бензема е новиот француски фудбалер кој поради повреда ќе го пропушти Мундијалот, но селекторот Дидие Дешам реши да не повика замена за него.
Неодамна Кристофер Нкунку отпадна поради повреда, а Дешан веднаш реши следниот ден во тимот да го додаде напаѓачот на Ајнтрахт Рандал Коло Муани.
Сепак, Дешан денеска потврди дека нема да повика никого наместо Бензема, иако се шпекулираше за потенцијални замени.
„Не, нема да повикаме никого наместо Бензема“, кратко изјави Дешан за француските медиуми.
Французите ќе имаат на располагање 25 играчи во Катар, а Дешан очигледно верува дека Оливие Жиру, Антоан Гризман, Килијан Мбапе и Усман Дембеле ќе можат да го надополнат отсуството на Бензема.
Походот на Франција за одбрана на трофејот започнува во вторник во 20 часот против Австралија.