Фудбалерот од средниот ред на Јувентус, Пол Погба ќе го пропушти остатокот од сезоната поради повреда, објави „Кориере дело Спорт“.
Французинот се повреди на вчерашниот натпревар од 35. коло на Серија А со Кремонезе (2:0). Триесетгодишниот играч за врска со десната нога нафрли една топка во противничкиот шеснаесетник, по што куцаше и речиси веднаш легна на тревникот. Во 24. минута Французинот во солзи го напушти теренот, повлекувајќи ја маицата преку лицето.
Погба го забележа шестиот настап во Серија А оваа сезона. Фудбалерот речиси цела година се лекуваше од повреди. Беше на теренот за прв пат од април 2022 година. (МИА)