вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Занети: Го посакувавме Бразил во полуфиналето, од една, едноставна причина

Занети: Го посакувавме Бразил во полуфиналето, од една, едноставна причина

Поранешниот аргентински фудбалер и потпретседател на Интер, Хавиер Занети, истакна дека Аргентина во полуфиналето мора да биде внимателна против силната и незгодна Хрватска.

Тој не се сомнева во победа на неговите „гаучоси“, но бара да се внимава, затоа што сите добро знаат како помина Бразил во дуелот против Хрватска.

„Ќе биде тоа тежок натпревар, Хрватска има добра репрезентација и нема да биде нималку лесно. Познавајки ја актуелната ситуација меѓу играчите на Аргентина, сигурен сум дека ќе одиграат на ниво“.

„Посакував да победи Бразил, затоа што сега ќе гледавме „Суперкласико“, меч кој крајно емотивно ќе го доживуваат и двете земји. Тоа ќе беше добро и за Јужноамериканскиот фудбал и КОНМЕБОЛ“, порача Занети.

Натпреварот се игра вечерва од 20 00 часот, а според обложувалниците, Aргентина е јасен фаворит, а што се однесува до Хрватска, „коцкестите“ повторно тргнуваат од аутсајдерска позиција.