На големи критики наиде однесувањето на Станислав Манајев.
Во текот на летот се пожали дека има проблем со носот и дека му е потребно нешто за да се избрише.
Еден колега му донесе руски пари, рубљи, во вредност од 70 евра со кои тој го избриша носот и ги фрли на подот.
Младиот 19-годишен фудбалер ова видео го постави на својот Инстаграм профил, но кога доби остри осуди и навреди, веднаш го избриша.