Напаѓачот на Манчестер Сити, Габриел Жезус има повреда на коленото заработена на дуелот против Кристал Палас кој заврши 0:0.
– Тој има повредени лигаменти на коленото и најверојатно ќе биде надвор од терените нешто повеќе од еден месец, потврди Манчестер Сити.
20-годишниот Жезус беше принудно заменет од Серхио Агуеро во 23. минута од дуелот одигран на 31 декември.
– Му благодарам на Господ затоа што не сум толку лошо, и не треба да одам во операција, напиша Бразилецот на неговиот Инстаграм профил.
Манчестер Сити има 12 поени пред Манчестер Јунајтед на врвот на Премиер Лигата.