Напаѓачот на Милан, Оливие Жиру, е под знак прашалник за утрешниот реванш натпревар против Наполи во четврт-финалето на Лигата на шампионите, пишува „Газета дело Спорт“. Искусниот Французин има болки во Ахиловата тетива на левата нога по грубиот старт на Ким Мин-Јае на првиот меч меѓу двата тима.
Тој го заврши натпреварот на теренот, но проблемот со тетивата продолжува да го мачи Жиру кој не тренираше на последниот тренинг.
Милан по првиот меч има еден гол предност (1:0) против Наполи, во пресрет на реваншот на стадионот „Диего Армандо Марадона“ во Неапол.