Напаѓачот на Милан, Оливие Жиру изјави дека сака да го продолжи договорот со клубот.
– Сакам да останам во Милан. Се надевам дека ќе се согласиме за нов договор. Преговараме за нова соработка и чувствувам дека тие ќе завршат успешно, изјави Жиру во интервју за „DAZN“.
Жиру е во Милан од јули 2021 година. Во сезоната 2022/23, напаѓачот постигна 11 гола и направи шест асистенции на 30 натпревари за тимот во сите натпреварувања. Договорот на 36-годишниот Французин е со важност до крајот на јуни 2023 година.