Португалскиот стратег Жозе Мурињо има договор со Рома до јуни 2024 година, но често се пишува за неговата иднина, тој сега се посочува како еден од кандидатите за кормилото на Челси.
По победата над Сампдорија, Португалецот беше запрашан дали ќе ја одработи последната година од договор, а одговорот само донесе нови прашалници.
„За мојата иднина не разговарам со пријателите или новинарите – вели Мурињо. Пред неколку месеци, нашиот генерален извршен директор Берарди рече дека останувам, но тоа е негова интерпретација на работите, истото важи и за новинарот Зацарони (кој во весникот Кориере дело Спорт напиша дека Мурињо одлучил да остане). Од аспект на договорот, имам уште една година, но понекогаш договорите не се најважната работа.“