недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Жозе Мурињо купува од ПСЖ

Жозе Мурињо купува од ПСЖ

Ренато Санчез минатото лето пристигна во ПСЖ како големо засилување, но не ги оправда очекувањата.

Португалецот не е задоволен од својот статус во тимот и сака да ја промени средината, а и ПСЖ сака да се ослободи од него.

Најсилен интерес за него покажува Рома, бидејќи Мурињо верува во неговите квалитети и смета дека ќе биде одлично засилување.

Двата клуба почнаа преговори, а последните информации говорат дека ПСЖ е спремен да го пушти на едногодишна позајмица.

Рома во следните денови треба да го комплетира трансферот со право на откуп следното лето.