понеделник, 13. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Жозе Мурињо пак го одби Челзи

Жозе Мурињо пак го одби Челзи

Португалскиот стратег Жозе Мурињо е еден од најомилените тренери меѓу навивачите на Челзи, затоа што во минатото тимот под негово водство освои три премиерлигашки титули.

Челзи сезонава се чини дека соема го загуби „компасот“ и тимот доживеа многу турбуленции, вклучително и промена на тројца тренери, а управата сака за следната сезона да доведе квалитетно и искусно име кое ќе го замени привремениот тренер Френк Лампард.

Многу светски медиуми ја пренесоа веста дека управата на „сините“ го контактирала Жозе Мурињо и му понудила враќање во клубот кој доживеа големи успеси под негово водство, но одговорот на Португалецот бил негативен.

Мурињо ја одбил можноста по третпат да стане тренер на Челзи со објаснување дека сака до крај да го одработи договорот со Рома, чиј тренер стана минатата сезона и успеа да триумфира во Конференциската лига на УЕФА.

Неодамна тој самиот потврди за италијанските медиуми дека сака да остане во Рим и со неколку добри засилувања да се обиде догодина да го нападне самиот врв во Серија А.