среда, 27. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Жиру ќе разговара со Дешам за својата иднина во репрезентацијата

Жиру ќе разговара со Дешам за својата иднина во репрезентацијата

Напаѓачот на Франција и Милан, Оливие Жиру ќе разговара со селекторот Дидие Дешам за неговите перспективи во националниот тим.

Претходно, Жиру беше повикан за следните пријателски натпревари наместо повредениот напаѓач на Реал Мадрид, Карим Бензема.

– Никогаш не разговаравме лице в лице по Европското првенство. Дури и ако веќе е поминато многу време, има потреба од разговор меѓу двајца возрасни. Секогаш сум се согласувал со одредени работи, секогаш сум мислел на перспектива. Тренерот знае што ми е на ум. Тој знае дека сум свеж и секогаш 200% со францускиот тим. Отсекогаш си велев дека преку напорна работа, пожртвуваност и истрајност ќе има подобри денови. Со задоволство ќе разговарам за сето ова со тренерот и ќе слушам што има да ми каже“, изјави Жиру за „Фигаро“.

Жиру за Франција игра од 2011 година. За тоа време, 35-годишниот фудбалер стана вториот стрелец во историјата на националниот тим, постигнувајќи 46 гола на 110 натпревари. На првото место е Тиери Анри со 51 гол.

Француската репрезентација овој месец ќе одигра два пријателски натпревара: на 25 март против Брегот на Слоновата Коска и на 29 март против Јужноафриканска Република.